Тајмаут
Со ваква партнерка не е ни чудо што дефанзивецот на Интер го стави Халанд во „џеб“ и го одигра мечот на кариерата, „жешко“ било на трибините во Истанбул (ФОТО)
На финалето од Лигата на шампионите, Родри блескаше на теренот и со својот гол успеа да му ја донесе титулата на Манчестер Сити, а на трибините сите гледаа во Клаудија Скарпари! Сопругата на искусниот стопер на Интер, Франческо Ачерби, беше во предизвикувачко издание со многу големо деколте! Нејзиниот сопруг одлично се снајде заедно со одбраната на Интер на овој меч, но на крајот пропуштените шанси го чинеа Интер уште еднаш да стане европски шампион, а неговата сопруга Клаудија сето тоа го следеше од трибините.

Оваа атрактивна русокоса всушност е адвокатка, а шармантната Италијанка на Инстаграм призна дека финалето во Лигата на шампионите било лудо искуство.
Љубовта меѓу стоперот на Интер и убавата адвокатка датира од 2020 година и се развива доста брзо. Тие веќе имаат две деца, а се започна со една средба на плажа.

„Се запознавме на плажа и не знам што направи за да ме освои, само беше самиот тој со таа насмевка и таа слаткост што ја има, но знам дека откако се запознавме не можевме да се држиме настрана еден од друг. “, рече таа.

Ачерби на 35 години го достигна врвот на кариерата откако играше во финалето на Лигата на шампионите. Инаку, тој со години беше клучен играч и капитен на Лацио, но по конфликт со навивачите премина во редовите на ривалите. За италијанската репрезентација одигра 29 натпревари и постигна еден гол, а во кариерата настапуваше за Павија, Ренате, Специја, Реџина, Џенова, Киево, Милан и Сасуоло.
