Connect with us

Фудбал

Соблекувалната на ПСЖ го нарече Мбапе по животно

Килијан Мбапе сака да биде најголемата ѕвезда на ПСЖ и тоа воопшто не го крие.

По арогантното и себично однесување на мечот со Монпеље, на виделина излегоа многу валкани алишта од соблекувалната на ПСЖ.

Најмногу се зборуваше за конфликтот меѓу Мбапе и Нејмар и деталите кои Французинот ги стави пред парискиот клуб за да ја продолжи соработката.

Победникот на Светското првенство со триколорите јасно стави до знаење дека сака да биде најголемата ѕвезда на тимот и дека се во играта практично се врти околу него бидејќи сака да биде најдобар на светот.

ПСЖ во неделата ечеше против Лил и славеше убедлива победа со 1:7 благодарение на хет-трикот на Мбапе, кој интересно го постигна својот прв гол по осум секунди игра.

По натпреварот ја зеде топката со потписи на сите играчи, а еден од неговите соиграчи во соблекувалната го откри прекарот на Мбапе.

Имено, потписот на Мбапе во соблекувалната е за Пингвин, а тоа го откри Ахраф Хакими, единствениот фудбалер со кој Французинот се разбира без проблем.

Инаку, освен со Хакими, Мбапе одлично се сложува и со Серхио Рамос, кој беше миротворец при конфликтот со Нејмар по натпреварот против Монпелје.

Натпреварот против Лил покажа дека Мбапе ги закопал секирите со играчи од Јужна Америка, пред се Нејмар, а потоа и Лионел Меси.

Проблемите во рајот се решени, но како што обично се случува, доволна е една мала искра за да се промени се. Настаните од минатото во Паркот на принцовите нè учат дека е само прашање на време кога тоа ќе се случи.