Поврзи се со нас

Фудбал

Солер стана првиот играч во 21 век кој постигнал три гола од пенал на еден натпревар во првенството

Валенсија, 9 ноември 2020 (МИА) – Валенсија оствари убедлив триумф со 4:1 на домашен терен синоќа над Реал Мадрид во натпреварот од 9. коло на фудбалскиот шампионат на Шпанија. Хет-трик постигна играчот од средниот ред Карлос Солер, кој во гол претвори три пенали.

Дваесет и тригодишниот Шпанец стана првиот играч во 21-от век кој реализирал три пенали на еден натпревар во првенството.

Валенсија во Ла Лига досега освои 11 бода и се наоѓа на деветтото место. Реал Мадрид има 16 бода и на четврта позиција. зс/

loading...

Facebook