Connect with us

Фудбал

Солскјаер: Треба да бидеме подготвени кога ќе се врати фудбалот

И тренерот на Манчестер Јунајтед Оле Гунар Солскјер признава дека го очекува продолжението на сезоната во Премиер лигата.

Неговите избаници вредно работат во паузата и тој верува дека наскоро ќе бидат на теренот.

„Фудбалот ќе се врати во нормала и многу е важно тогаш да бидеме подготвени. Сега имавме можност да разговараме повеќе со играчите и да правиме планови“, рече Солскјер.

Не е познато што ќе донесе летниот трансфер период за клубовите и фудбалерите.

„Кој знае како ќе реагира пазарот. Ние во Јунајтед не треба да имаме финансиски проблеми. Сигурен сум дека ќе бидеме подготвени и ќе ја завршиме работата како што беше планирано“.

Тој е среќен што ги има на располагање Погба и Рашфорд кои беа надвор од теренот поради повреда.

Манчестер во моментов е петтопласиран тим во лигата со три бода зад четвртопласираниот Челзи.