Connect with us

Фудбал

Солскјер има идеја за нападот: 70 милиони евра за напаѓач на Фиорентина

Манчестер јунајтед е подготвен со понуда за sвездата на Фиорентина, Федерико Киеза. Според англиските изданија, „црвените ѓаволи“ се подготвени да им платат на „виолетовите“ околу 70 милиони евра за напаѓачот.

Според медиумите во Англија, менаџерот на Манчестер Јунајтед, Оле Гунар Солскјер не е задоволен од претставувањето на Даниел Џејмс и бара замена. Норвежанецот гледа совршен избор за нападот на „црвените ѓаволи“ во лицето на италијанскиот репрезентативец.

Во Италија пишуваат дека Федерико Киеза започнал да учи англиски јазик, што веднаш ги засили гласините за негов трансфер на „Олд Трафорд“.