Фудбал
Солскјер му даде на Матиќ посебна задача во карантин
Немања Матиќ идната сезона дефинитивно ќе игра за Манчестер Јунајтед.
Во есента се чинеше дека мисијата на Матиќ на „Олд Трафорд“ е завршена, се поврзуваше со голем број клубови, но во меѓувреме се случи пресврт. „Црвените ѓаволи“ ја искористија опцијата и го обновија договорот со овој фудбалер, кој ќе остане во клубот барем до летото 2021 година.
Новиот договор логично донесе покачување, но според британските медиуми, Матиќ ќе мора да поработи на одредени нешта ако има намера да биде дел од стартниот состав.
На Матиќ, како и на сите фудбалери на Манчестер Јунајтед, им беа дадени задачи, или упатства, да работат додека се во изолација поради коронавирусот, но особено него го очекува „дополнителен час“ од 20-30 минути откако ќе заврши оној што ќе го одржи Солскјер.
Наводно биле организирани специјални вежби за Матиќ за подобрување на неговата игра во напад.
„Солскјер многу добро знае колку дополнителната работа им помага на поединечните играчи да станат големи sвезди. Кај Манчестер Јунајтед, Кристијано Роналдо и Дејвид Бекам, кои знаеја да останат со часови на тренинзите откако сите ќе заминеа“, се вели во соопштението.
Матиќ наводно сега заработува 140 000 фунти неделно во Манчестер Јунајтед.