Connect with us

Фудбал

Солскјер тврди дека Јунајтед не е заинтересиран за Халанд

Менаџерот на Манчестер Јунајтед, Оле Гунар Солскјер верува дека неговиот клуб не е подготвен да се вклучи во наддавањето за трансфер на Ерлинг Халанд.

Мино Раиола го нуди норвешкиот скапоцен камен на многу великани. Деновиве беше во Шпанија да ги слуша понудите на Реал и Барселона, а планот е да ги посети Манчестер и Лондон.

Солскјер, сепак, верува дека Јунајтед нема да ја започне борбата за потписот на Халанд, бидејќи смета дека ова е преголема бројка.

“Морам да се концентрирам на следните два месеци и што и да се случи во светот на фудбалот, секогаш е така да има многу места на кои некој може да оди. Дури и она што го правев со Ерлинг не ми дава за право како менаџер на Манчестер Јунајтед да зборувам за него, тој сам ќе ја донесе одлуката. Јас нема да коментирам за кого сме заинтересирани и по кого ќе одиме”, вели Солскјер.