Фудбал
Солскјер воодушевен, за 60 милиони евра носи засилување од Италија
Манчестер Јунајтед на големо планира да го засили својот тим за наредната сезона, а најновите информации ги објави Дејли Мејл. Како што наведува ова списание, Оле Гунар Солскјер лично побарал од скаутот на Јунајтед, Сајмон Велс да присуствува на мечот Фиорентина – Милан за да се увери во квалитетите на Федерико Киеза.

Фудбалерот на Фиорентина во моментов е еден од најбараните играчи во Европа, а за неговите услуги се заинтересирани многу клубови во и надвор од Италија.
Цената која што би бил подготвен да ја плати Манчестер Јунајтед е 60 милиони евра, а Киеза има договор со Фиорентина до 2022 година.