Connect with us

Фудбал

Солскјер: Засадивме семе, дрвото веќе расте

Манчестер, 7 ноември 2020 (МИА) – Тренерот на Манчестер јунајтед, Оле Гунар Солскјер, зборуваше за поразите на тимот на последните две средби и гласините за неговиот отказ.

– Сите мои разговори со управата на клубот беа на долг рок. Секако, сите сакаат резултати овде и сега, но имаме позитивен дијалог за плановите за во иднина. Ние засадивме семе, дрвото веќе расте. Отсекогаш ме поддржуваа од моментот кога се приклучив на тимот. Манчестер јунајтед има големи цели, не можеме да застанеме и да размислиме за еден или два резултата, изјави Солскјер.

Под водство на норвешкиот стратег, Манчестер јунајтед по шест средби во Премиер лигата има само седум бода и е на 15. место, далеку зад водечките екипи.

Денес од 13:30 часот, тимот го очекува натпревар против Евертон. зс/