Connect with us

Други спортови

Сопругата на Ѓоковиќ проговори за скандалот

Сопругата на Новак Ѓоковиќ, Јелена, проговори за тоа што се случило во Мелбурн. Српскиот тенисер е приведен во Мелбурн откако не ги обезбедил потребните документи за влез во земјата за учество на Австралија опен.

Тоа што му се случи на Ѓоковиќ предизвика сериозен бран на незадоволство од работата на австралиските власти и односот кон српскиот тенисер. Во понеделник наутро ќе стане јасно дали Србинот ќе биде депортиран од земјава или на крајот ќе му биде дозволено да учествува на турнирот.

Еве што напиша Јелена Ѓоковиќ на темата:

„Денес е Божиќ за нас! Посакувам сите да бидат здрави, среќни, безбедни и заедно со своите семејства. Сите би сакале да бидеме заедно во моментов, но ме теши тоа што сме барем здрави. Ќе израснеме од ова искуство.

Ви благодарам драги луѓе ширум светот што испративте љубов кон мојот сопруг. Длабоко дишам за да се смирам и да најдам разбирање во овој момент за се што се случува. Единствениот закон што сите треба да го почитуваме кога ја преминуваме секоја граница е љубовта и почитта кон сите. Љубовта и простувањето никогаш не се грешка, туку моќна сила. Ти посакувам се најдобро!”

Реклама

Facebook

Реклама