Тајмаут
Сопругата на Мане: Неговата слава и пари нема да ме променат, не знам која е Георгина Родригез
Сопругата на сенегалскиот фудбалер Садио Мане, Ајша Тамба за прв пат проговори за бракот со фудбалерот на Ал Наср. Мане се ожени во Дакар на 7 јануари според исламските правила, а моментално заработува 650.000 евра неделно и живее во луксузна вила со десет соби која му ја подари неговиот сегашен клуб.
Ова е сосема спротивно од животот на кој е навикната неговата нова сопруга бидејќи живее во дел од Дакар во куќа со своите 30 роднини. Куќата се наоѓа во близина на мочуриште, а Дејли Мејл стигна до неа преку нејзината братучетка, а таа нагласи дека славата на Садио нема да ја промени.
„Се радувам на мојот нов живот и знам дека ќе биде многу поинаков, но не чувствувам никаков притисок бидејќи славата и парите на Садио нема да ме променат. Тоа не ме интересира, останувам скромна личност посветена на мојата вера. Не сум навикната да ми посветуваат толку внимание на мене и на моето семејство затоа што ги чуваме тие работи за себе. Не сакаме да се фалиме и зборуваме за нашиот приватен живот. Јас сум многу приземна личност, јас сум така воспитана и ништо нема да биде поинаку само поради овој брак“, истакна Ајша и додаде:
„Многу ми е чест што сега сум г-ѓа Мане“.
Ајша ќе му се придружи на својот сопруг во Саудиска Арабија подоцна оваа година, откако ќе ги заврши завршните училишни испити. Парот не оди ни на меден месец токму затоа што татко и ја натерал да се фокусира на преостанатите училишни задачи.
Во Ал Наср, Мане ја дели соблекувалната со Кристијано Роналдо, чија сопруга Георгина Родригез важи за една од најгламурозните жени на денешницата и има 55 милиони следбеници на Инстаграм, но Ајша не знае која е таа.
„Не знам која е таа и не ги користам социјалните мрежи“, додаде таа. Г-ѓа Мане поголемиот дел од времето го поминува на проучување на Куранот, а нејзината братучетка Амаду, која живее во истата куќа со неа, истакна дека нејзин приоритет е исламот.