Тајмаут
Сопругата на Шумахер признава: Еве ја ситуацијата на седумкратниот светски шампион
Корина Шумахер, сопруга на седумкратниот светски шампион во Формула 1, Михаел Шумахер, не штедеше убави зборови за човекот во нејзиниот живот. Во интервју за магазинот „She“, таа рече дека целата оваа просперитетна империја е постигната благодарение на Михаел.
„ Не заборавам да кажам дека сето тоа беше постигнато благодарение на мојот сопруг Михаел“, рече Корина Шумахер.
Скоро 6 години по сериозната скијачка несреќа на француските Алпи, Корина даде и информации за здравјето на нејзиниот сопруг.
„Тој е во најбезбедни раце што може да постојат во светот. Правиме се што е можно за да помогнеме. Здравјето на Михаел е нежен аргумент и најважно нешто“, рече таа.