Connect with us

Тајмаут

Сопругата на словенечкиот репрезентативец објави видео од неговите оргии: „Како можеш да бидеш толку глуп?

Словенечкиот репрезентативец Бенјамин Вербич се најде во центарот на скандал по видеото кое го објави неговата сопруга.

Вербич пред неколку дена играше за Словенија во Лигата на нации, а играше и на натпреварите со Норвешка и Шведска, но немаше поим дека ќе биде во центарот на скандалот што се случи пред неколку дена.

Имено, се започнала неговата сопруга Алвина со која минатата година добија син. Се запознале додека тој настапувал за Динамо Киев, но изгледа дека љубовната врска можеби е завршена.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by 💎 A L V I N A 💎 (@alvi_lalli)

Скандалот се случил кога неговата сопруга објавила фотографии и видео од Вербич како ужива во друштво на непознати девојки.

Словенечките медиуми пишуваат дека тоа се случило на паузата меѓу натпреварите од Лигата на нации и дека евидентно е дека искусниот фудбалер бил во алкохолизирана состојба. Снимките се со експлицитна содржина и набрзо Алвина ги избришала, но веќе било доцна.

Украинката откри дека е многу повредена и шокирана од однесувањето на нејзиниот сопруг и дека не може да поверува дека тој и го направил ова.

“Проклетници, срам да ви е. Забавите за време на репрезентативната пауза се нормално, но само ако сте опкружени со нормални луѓе. Навистина не разбирам како можете да бидете толку глупави”, напиша Алвина заедно со неколку фотографии и видео.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by 💎 A L V I N A 💎 (@alvi_lalli)

Но, откако скандалот стана главна приказна во Словенија, реши да проговори и Вербич, кој негираше се и рече дека снимките се стари.

„Фотографиите и видеото што ги објави мојата поранешна партнерка и мајката на моето дете се многу стари. Се што напишала е чиста лага“, изјави Вербич.

Со својата изјава тој откри дека тој и Алвина очигледно повеќе не се заедно, но сепак успеал овие фотографии и видеа да бидат избришани од социјалните мрежи.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by 💎 A L V I N A 💎 (@alvi_lalli)

28-годишниот играч настапува за Панатинаикос каде пристигна летово од Динамо.