Connect with us

Тајмаут

Сопругата предолго се подготвувала за вечера, а тој рекол: „Требаше да го донесам Плејстејшенот“ (ВИДЕО)

Многу фудбалери ги искористија новогодишните празници за да поминат време со своите семејства.

На Инстаграм од синоќа можеме да видиме многу објави на познати фудбалери кои решиле да го прослават Божиќ со своето семејство.

Во центарот на вниманието беше Алваро Мората кој реши да ја однесе сопругата Алис Кампело на божиќна вечера, а потоа се пошегува со неа и им покажа на сите колку долго чека да се подготви.

Мората објави неколку видеа од нивниот стан и се пожали дека неговата сопруга морала долго да се подготвува, и дека му е досадно да чека толку долго.

„О, мил Боже, колку време ти треба да се подготвиш? Колку е досадно. Требаше да го донесам Плејстејшенот“, рече Мората, а Алис само накратко додаде: „Не“.

Реклама

Facebook

Реклама