Тајмаут
Сопругите на фудбалерите на Реал Мадрид во центарот на вниманието, им одржале лекција на играчите!
Сопругите на фудбалерите на Реал Мадрид се во центарот на вниманието на шпанската јавност. Сопругата на играчот од средниот ред на кралскиот клуб Федерико Валверде, Мина Бонино, синоќа на Инстаграм објави фотографија од еден мадридски ресторан, која привлече големо внимание кај шпанските медиуми. Имено, таа одлучила да ги покани и другите сопруги на играчи на Реал Мадрид на вечера за да се дружат и подобро да се запознаат.
На вечерата беа и Сандра Гарал (Марко Асенсио), Дафне Канизарес (Дани Карвахал), Каролин Лима (Едер Милитао), Шалимар Хепнер (Давид Алаба), Луана Атик Лопез (Родриго) и Мишел Герциг (Тибо Куртоа).
Сопругата на Валверде направи група на WhatsApp во која ги додаде другите сопруги на играчите на Реал Мадрид и ги покани на заедничка вечера со цел подобро да се запознаат и да се дружат многу повеќе во иднина.
Многу од нив реагирале и дошле на вечера, а некои морале да одбијат поради претходните обврски. Угледната Марка објави фотографија од синоќешната вечера, а многу шпански медиуми објавија дека сопругите им покажале на играчите на Реал Мадрид како да се дружат заедно и да поминуваат што повеќе време, а дали ќе ги слушаат останува да видиме.