Фудбал
Сопственик на голем фудбалски тим изгуби милијарди
Еден од најбогатите луѓе во Русија, Леонид Федун, изгубил 99,9% од своите пари поради последиците од војната во Украина. Ова го соопшти еден од членовите на Извршниот комитет на Рускиот фудбалски сојуз Владимир Афанасиев, кој зборуваше за тешката финансиска состојба во руското првенство.
Освен што е дел од бордот на директори на Лукоил, Федун го поседува и Спартак Москва.
„Федун ми кажа дека ситуацијата е доста тешка. Тој изгубил 99,9% од своето богатство. Зборуваме за лични пари. Во ЦСКА Москва сликата е иста по санкциите воведени кон банките.
Секаде е тешко и сите имаат проблеми. Да не зборуваме за пониските одделенија, каде што се е финансирано од државата. Ситуацијата таму е трагична“, изјави Владимир Афанасиев.
Според Форбс, нето имотот на Федун се проценува на 5,8 милијарди долари.