Connect with us

Фудбал

Сопственикот на Наполи го тресе фудбалскиот свет, проект за Лига од 10 милијарди евра!?

Се уште не стивнале реакциите околу идејата за формирање на Суперлига со најбогатите европски клубови, а првиот човек на Наполи има идеја за Лига од 10 милијарди евра.

Проектот европска Суперлига кој го потресе европскиот фудбал, беше запрен по жестоките реакции на навивачите, јавноста, фудбалските федерации, па дури и политиката се замеша, но приказната со тектонските промени во фудбалот продолжува.

-За да бидете конкуренти потребно е да имате повеќе врвни фудбалери. Тоа значи дека мора да трошите многу, а наградите во европските натпревари не се доволни Затоа клубовите треба да разговаат едни со други за да создадат помодерен и попрофитабилен фудбал за сите, изјави Де Лаурентис за „Дејли Меил“.

Тој додава:

Треба да се создаде европско натпреварување со демократски систем на влегување во истото и кој е базиран на пласманот на екипите во националните лиги. Јас веќе испитав дека овој проект може да донесе 10 милијарди евра, но потребни се желба и целосна независност , вели Де Лаурентис.