Connect with us

Тајмаут

Соседите се згрозени од звуците кои доаѓаат од куќата на Кајл Вокер и неговата сопруга Ени

Фудбалерот на Манчестер Сити, Кајл Вокер (31) неодамна се ожени со Ени Килнер (29), девојка со која почнал да излегува како тинејџер.

Кајл и Ени имаа прилично тешки односи, бидејќи дефанзивецот на Сити неколку пати ја изневеруваше сопругата, но таа секој пат му простуваше. Многу пати се разделуваа, но неодамна се венчаа и живеат заедно со нивните три деца

Но, иако се веруваше дека работите ќе и се подобрат на Ени по венчавката, се чини дека таа сепак има големи проблеми со Кајл.

Според англискиот печат, соседите се жалеле колку често се слушаат кавги од нивниот дом и како често се слушаат ужасни пцовки.

“Соседите се многу вознемирени. Многу е непријатно, јазикот често е вулгарен. Соседите веќе не разговараат со нив. Се скараа со Ени затоа што слушнале пцовки и врескање во нивниот двор. Тоа е ексклузивна населба и не очекувале такви работи“, објави Британски The Sun.

Вокер и неговата партнерка се запознале во Шефилд, нивниот роден град, кога фудбалерот имал 17, а Ени 15 години.