Фудбал
Состојбата на Влаховиќ и понатаму ги загрижува сите во Јувентус
Напаѓачот на Јувентус и репрезентативец на Србија, Душан Влаховиќ се уште не е целосно опоравен и нејасно е кога ќе може да игра за тимот од Торино, пренесува Газета дело Спорт.
Веста ја потврди тренерот на Старата дама, Масимилијано Алегри. На прашањето во каква состојба е Влаховиќ и дали ќе може да настапи на првиот меч во 2023 година против Кремонезе на 4 јануари, капитенот на Јувентус не даде категоричен одговор.
Влаховиќ на Светското првенство во Катар постигна еден гол за Србија против Швајцарија, но ниту за тој меч не беше 100 отсто подготвен, па ја напушти играта во 55. минута.
Српскиот ас последен пат го одигра целиот натпревар на 15 октомври во победата на Јувентус над Торино од 1:0, кога го постигна единствениот гол на натпреварот.
Последната средба за гигантот од Торино, Влаховиќ ја забележа на 25 октомври, кога беше заменет во поразот од Бенфика (3:4) во Лигата на шампионите.
Тој во јануари дојде во Јувентус од Фиорентина со трансфер вреден 80 милиони евра. 22-годишниот фудбалер досега постигна 16 гола во 36 настапи за клубот.