Connect with us

Фудбал

Спектакл во најава, германската машинерија на „Стемфорд Бриџ“

На „Стемфорд Бриџ“ се очекува голем спектакл со оглед на тоа дека се срежаваат две екипи кои се во голема форма,

Френк Лампард, тренер на Челзи нема да може да смета на Канте, Хаџдсон-Оди и Пулишиќ за мечот со Баерн Минхен.3

-Можеби немаме искуство како тие, но ќе најдеме начин да ги победиме, изјави Лампард во пресред на вечерашниот дуел.

Од друга страна, Ханси Флик исто така има проблеми со составот, бидејќи поради повреди не може да смета на Мартинез, Шуле и Перишиќ.

-Челзи е одлична екипа со мешавина на млади и искусни играчи. Ќе играме напаѓачки, бидејќи во одбраната знаат да направат грешки, па ќе се обидеме да го искористиме тоа, вели тренерот на Баварците.

Можни состави:

ЧЕЛЗИ: Кабаљеро, Азпиликуета, Кристенсен, Рудигер, Џејмс, Жоржињо, Алонсо, Маунт, Абрахам и Вилијан.

БАЕРН МИНХЕН: Нојер, Павар, Боатенг, Алаба, Дејвис, Кимих, Тиаго, Коман, Милер, Гнабри, Левандовски.

Мечот се игра со почеток во 21:00 часот.