Connect with us

Фудбал

Спектакуларна понуда на Барселона до Наполи

Барселона, наводно, подготви навистина спектакуларна понуда за Наполи.

„Каталонскиот“ гигант сака дополнително да се засили во одбраната, и како идеален фудбалер за својот тим го гледа стоперот на Наполи, Сенегалецот Кулибали.

Како што пишува „Спорт“, Барса подготви навистина неверојатна понуда за овој фудбалер. Тие се подготвени да потрошат 40 милиони евра и да испратат дури три играчи во Наполи.

Андре Гомес, Пако Алкасер и Денис Суарез се дел од пакетот, покрај 40 милиони евра што Барса го нуди на Наполи, и сега се чека контроверзниот претседател на клубот Аурели Де Лаурентис да одговори.

Кулибали одамна е на мета на големите европски клубови, а претходно Наполи ги одби понудите на Челзи.