Тајмаут
Спиел со над 2000 девојки, претрпел 12 мозочни удари и инфаркти, а сега влезе во рингот и ги претепува противниците
Поранешниот кошаркар на Лос Анџелес Лејкерс, Ламар Одом одлучи да се испроба во боксот.
Откако едвај преживеа, двократниот шампион во НБА ги стави боксерските ракавици на 41 година и успешно ја започна својата кариера во рингот.
Одом го нокаутираше пејачот Арон Картер во првото коло во „Познатиот боксерски натпревар“ во јуни, а сега беше подобар од актерот и продуцент Охани Ноу, инаку поранешен сопруг на познатата пејачка Џенифер Лопез.
Актерот немаше шанси против поранешниот кошаркар, кој е повисок за околу 20 сантиметри и потежок околу 20 килограми.
Несреќниот Ноа имаше само една недела да се подготви за борбата, бидејќи противник на Ламар требаше да биде Ридик Боуви, поранешен боксерски шампион.
.@RealLamarOdom using that serious height advantage and working the jab on @OjaniNoaOficial.#CelebrityBoxing
[ LIVE NOW ON #FITE | https://t.co/UD5fTcCKlY ] pic.twitter.com/ia3dZvCQgQ
— FITE (@FiteTV) October 3, 2021
Ламар очигледно одлучи да се врати во спортот по екстремно турбулентните настани што му се случија во животот.
Да потсетиме, Одом едвај преживеа пред шест години по оргија во бордел во Невада.
Двократниот шампион во НБА во 2018 година откри дека претрпел 12 мозочни удари и шест срцеви удари поради предозирање.
Некогаш најдобриот шести играч во лигата, Ламар Одом, беше пронајден во 2015 година во несвесна состојба во јавна куќа во Невада, по што итно беше префрлен во болница.