Connect with us

Тајмаут

Спиел со неговата мајка, а сега се соиграчи, трејдот во НБА направи хаос

„Блокбастерскиот“ трејд на Лејкерс, Јута и Минесота донесе размена на дури осум кошаркари, а иако во преден план е заминувањето на Д’Анџело Расел во Лос Анџелес и Расел Вестбрук во Солт Лејк Сити, малку “ под радарот“ беше и еден трансфер кој беше првенствено интересен за љубителите на спортски озборувања. Станува збор за преселбата на Малик Бисли од Јута во Лејкерс, каде негов соиграч ќе биде Скоти Пипен Јуниор, синот на Лариса Пипен, поранешна сопруга на НБА легендата.

Малик Бисли и Ларса Пипен беа во врска неколку месеци во 2021 година, иако разликата меѓу нив е 22 години.  Интересно е што Бисли беше во брак со Монтана Јао во времето на излегувањето со атрактивната Ларса.  Нивниот брак очигледно „пукнал“ кога ги фатила на дело, меѓутоа Лариса Пипен не можела долго да го трпи Малик Бисли, па набрзо го „шутнала“ и не така одамна се впуштила во нова кошаркарска романса, сега со синот на легендарниот Мајкл Џордан (соиграчот Скоти Пипен од Чикаго).

Веднаш по преселбата на Малик Бисли во Лејкерси, на социјалните мрежи почнаа да кружат коментари за младиот кошаркар Скоти Пипен Јуниор, па неговиот престој во Лос Анџелес заврши уште пред да има шанса да се докаже. Досега има одиграно само шест натпревари и моментално е во развојниот тим на Саут Бајом.

Навистина необична ситуација во Лос Анџелес, но тешко дека Лејкерси ќе направат нешто околу ова и Бисли и Пипен ќе мора да го решат меѓу себе. Леброн и тоа како го почитува Бисли иако е „луда глава“ и имаше проблеми со законот, па не се прослави многу играјќи оваа сезона за Јута. Тој се појави на 55 натпревари и играше во просек по 25 минути. Тој постигна 13,4 поени со процент на шут под 40 отсто, а имаше и 3,6 скока и 1,7 асистенции.