Фудбал
„Споредба помеѓу татко ми и Меси? Како да се спореди обичниот со вонземскиот“
Во интервју за „Ел Ларгуеро“, Марадона Јуниор го даде своето мислење за натпреварот Наполи – Барселона и постојаната споредба помеѓу Меси и неговиот татко.
Диего Армандо Марадона Јуниор не се сомнева кој е најдобриот, вклучувајќи го и Кристијано Роналдо.
„Меси е феномен. Роналдо е одличен,многу добар играч. Но, кога ќе се споредат со Меси, станувам и заминувам”, изјави Марадона Јуниор.
Што се однесува до споредбата на Меси со неговиот татко:
„Меси е многу подобар од Роналдо, но тој не може да се спореди со татко ми затоа што не може да се спореди обичниот со вонземескиот. Во Неапол, татко ми е Бог“.
„Критиката кон Меси е неизбежна. Единствениот што го освои Мундијалот беше мојот татко. Но, Меси не му помогна на Аргентина во последните години “.
„Меси и татко ми во тим? Ќе треба да завршат сè и да им го дадат трофејот веднаш“, заврши Марадона Јуниор, смеејќи се.