Connect with us

Фудбал

Спортинг Лисабон го продаде Стефан Ристовски

Португалски, но и хрватски медиуми објавија дека Спортинг Лисабон го протал Стефан Ристовски на Динамо Загреб за еден милион евра. Во договорот пишува дека ќе има и разни бонуси со што сумата би можела да порасне за дополнителни 500 илјади евра. Воедно, според медиумите, Спортинг Лисабон ќе добие 10 отсто од следната продажба на Ристовски.

Македонскиот 28-годишен дефанзивец не е во најдобри односи со новиот тренер на Спортинг Лисабон, па разделбата беше неминовна. Ристовски ќе стане соиграч со уште еден македонски репрезентативец, Аријан Адеми.

Ова нема да биде прв пат за македонскиот дефанзивец да настапува во хрватското првенство. Претходно ги бранеше боите на Ријека.