Connect with us

Фудбал

Спортот во Македонија „замрзнат“ уште најмалку 30 дена

Претседателот на државата Стево Пендаровски проглеси нова 30-дневна вондерна состојба на целата територија. Тоа значи дека и во наредните 30 дена нема да има ниту еден спортски настан.

Поради тоа останува нејасно кога ќе продолжат прекинатите првенства, во фудбал, кошарка, ракомет.

Со оглед на тоа дека вонредната состојба ќе трае до средината на мај, тоа не е можно пред месец јуни. Но, ако се додадат на ова и најавите дека рестриктивните мерки нема веднаш да бидат укинати, туку ќе бидат постепено со цел да не се дозволи нов бран на коронавирус, спортот кај нас веројатно ќе се игра во летните месеци, пред се јули и август.