Connect with us

Фудбал

Спортски директор на Дортмунд: Халанд ни стана товар

Ерлинг Халанд беше централна тема на летниот преоден рок, Норвежанецот потпиша договор со Манчестер Сити за трансфер вреден 60 милиони евра, а веќе почна да им се исплати на Граѓаните.

Сепак, за Халанд немаше добри зборови од Дортмунд, иако беше омилен меѓу навивачите. Спортскиот директор на „Милионерите“, Себастијан Кел, не зборуваше баш добро за Норвежанецот.

„Посакувам да бевме сигурни во заминувањето на Халанд малку порано бидејќи тоа ни ги ограничи подготовките. Без него имаме можност да им веруваме на другите играчи“.

 

Можно е изјавата на Кел да биде увертира за претстојниот натпревар од Лигата на шампионите, во кој на „Етихад“ ќе се сретнат Манчестер Сити и Дортмунд. Во дресот на Милионер, Халанд го освои Купот на Германија, а на 89 одиграни натпревари постигна неверојатни 86 гола.

 

„Колку што го ценевме, со се што направи за клубот, дефинитивно стана товар, и за соблекувалната и за клубот. Во суштина сè се вртеше околу него. Токму поради оваа причина, дојде време да го продадеме, тоа беше добра работа за нас и за Сити. Тоа го потврдува и фактот што десет гола за нашиот клуб сезонава постигнаа десет различни стрелци – изјави Кел, додавајќи: