Фудбал
Спортскиот директор на Јувентус загрижен за Игуаин
Спортскиот директор на Јувентус, Фабио Паратичи за „Скај Спорт“, меѓуостанатото зборуваше и за ситуацијата околу напаѓачот Гонзало Игуаин.
Популарниот Пипита го напушти Торино пред околу еден месец и се врати во родната Аргентина, за да се грижи за неговата мајка која се бори со карцином.
Иако Јувентус пред десетина дена нареди на сите свои странци да се вратат, сепак Игуаин нема намера да го стори тоа.
-Тој е многу чувствителен човек. Ние сме со него, имаше одлична сезона, па се надевам дека ќе остане уште некоја година со нас, додека му трае договорот, порача Паратичи.