Тајмаут
Срам за познатиот фудбалер: Гол влегол во училиштето и почнал пресметка со полицијата (ВИДЕО)
Неверојатни сцени создаде фудбалерот на Кливленд Браунс, Малик Мекдауел.
25-годишниот американски фудбалер е уапсен во понеделникот во градот Дирфилд Бич на Флорида додека целосно гол се шетал по улиците.
Мекдауел прво влегол во локално училиште. Кога се појавила полицијата решил да ги нападне и успеал да повреди еден од нив.
На крајот сепак заврши со лисици на рацете. Тој е уапсен и против него ќе биде поведена постапка.
Ова не е прв испад на овој фудбалер. Претходно има направено многу глупави работи, често беше на суд, но овој инцидент може да му стави крај на кариерата.
Браунси потпишаа договор со Мекдауел во мај минатата година.
Сепак, реши да ја уништи и оваа шанса и тешко дека ќе добие нов договор.