Кошарка
Срамен потег на тренерот на МЗТ Скопје, влезе на теренот и „нокаутираше“ кошаркар на Кожув при нивна контра (ВИДЕО)
Кошаркарите на МЗТ го победија тимот на Кожув со убедливи 83:69, но по тој меч повеќе се зборува за еден потег на тренерот на победничката екипа отколку за самата игра. При резултат 32:28 Драган Николиќ влезе на паркетот за гостинската екипа и ги шокираше сите во салата.
Николиќ не направи чекор, туку влезе на добри два-три метри, и застана пред ривалскиот кошаркар кој во контра напад го предводеше својот тим. Судијата и играчите интервенираа пред да ескалира ситуацијата.