Connect with us

Други спортови

Срамен потег на Украинката, откако го загуби мечот одби да се ракува со тенисерката од Белорусија (ВИДЕО)

Втората светска тенисерка Арина Сабаленка денеска се пласираше во второто коло на Отвореното првенство на Франција, откако во Париз ја совлада Украинката Марта Костјук со 6:3, 6:2.

Мечот остана во сенка на неспортското однесување на украинската тенисерка, која одби да се ракува со противничката од Белорусија.

По волја на ждрепката во првото коло на Ролан Гарос силите ги одмерија Белорусинката Арина Сабаленка и Украинката Марта Костјук. Овој натпревар привлече огромно внимание поради специфичниот однос во кој се наоѓаат земјите од кои моментално се наоѓаат споменатите тенисери. Белорусија застана на страната на Русија за време на војната во Украина, а поради тоа спортистите од оваа земја неодамна беа нападнати од нивните колеги од Украина.