Connect with us

Фудбал

Срамна кореографија на навивачите на Црвена Звезда-Гробови во боите на украинското знаме (ФОТО)

Црвена звезда го совлада Партизан со 2:0 и се врати во голема игра за титулата. Сепак, овој меч ќе биде запаметен и по еден срамен потег на навивачите на Црвена звезда, популарните „Делије“ кои се поддржувачи на Владимир Путин. Имено тие на овој меч имаа кореографија која во најмала рака може да се нарече срамна. На трибините направија гробови и тоа во боите на знамето на Украина.

Воедно се појави и лик од култниот филм „Маратонците го трчаат почесниот круг“ и транспарент од култната реплика од филмот кога мртовецот станува и вели „Добро вечер“. Секако најмногу реакции предизвика изборот на боите на навивачите на Црвена звезда.