Фудбал
Србите беа испровоцирани и од швајцарска ѕвезда која нема врска со Косово
Најклонтроверзниот натпревар досега на СП го одиграа Швајцарија и Србија (3:2), меч полн со неспортски потези, провокации и навреди. Џердан Шаќири, кој по потекло е Албанец од Косово, го прослави голот за Швајцарија со замолчување на српските навивачи. Душан Влаховиќ го прослави голот на Србија држејќи се за пенисот. Неговиот тренер го прослави овој гол пцуејќи „мајката Шиптарска“ кон противничките играчи.
По натпреварот, швајцарскиот капитен Гранит Џака, друг Албанец од Косово, кој претходно пцуеше мајка на албански јазик, победата ја прослави облечен во дрес со презимето Јашари. Не е баш убедливо неговото објаснување дека го зел дресот на третиот Албанец кој настапува за Швајцарија за да му даде поддршка на својот млад соиграч.
Конечно, по натпреварот, во српско-албанскиот конфликт се вклучија Нигериец по татко и Швајцарец по мајка. Мануел Акањи, незаменливиот дефанзивец на Манчестер Сити и Швајцарија, триумфот со минување на групата и елиминација на Србија од Мундијалот го прослави со потсмевно мавтање кон противничките играчи додека го напуштаа теренот.