Connect with us

Тајмаут

„Средба со Бога“: Папата Франциско го прими Ибрахимовиќ во Ватикан

Златан Ибрахимовиќ отиде во Ватикан лично да се сретне со папата Франциско и да му подари подароци пред празниците.

Напаѓачот на Милан објави фотографија од неговата посета и остави порака „Мир и љубов“.

Шведскиот овен му подарил маица со автограм на поглаварот на Римокатоличката црква, како и неговата книга „Адреналин“. Папата Франциско, страствен фудбалски навивач, имаше и готов подарок за 40-годишниот напаѓач – книгата „Спортот според папата Франциско“.

Под фотографијата, некои корисници се пошегуваа дека папата конечно „го сретнал Бога“.