Connect with us

Други спортови

Средба во САД на двајца кралеви во своите спортови, Лионел Меси и Новак Ѓоковиќ (ФОТО)

Најдобриот тенисер на сите времиња Новак Ѓоковиќ во понеделник ја започнува борбата за 24. Грен слем, па затоа е во САД. По една година пауза ќе игра на УС Опен, а таму би можел да има голем фан – најдобриот фудбалер на сите времиња! Пред турнирот кој може да го врати на врвот на АТП листата, Новак се дружеше со Лионел Меси! Аргентинскиот фудбалер и светски шампион од Катар неодамна му се приклучи на Интер од Мајами со кој веќе освои трофеј, а кратката пауза што ја има во клубот ја искористи за гостување во Њујорк. По тој повод тој се сретна со Ѓоковиќ, а познато е дека двајцата имаат огромна почит еден кон друг.