Фудбал
Срѓан Захариевски нов тренер на Вардар
Срѓан Захариевски и официјално е назначен за нов тренер на Вардар. Ова доаѓа откако Горан Петрески Чунга поднесе оставка по шокантниот пораз од Воска од 3:0.
Захариевски е добро познато македонско фудбалско име, во својата кариера има играно за Вардар од 2001 до 2004, а како тренер беше на кормилото на Металург, Пелистер, Струга и Воска Спорт.