Connect with us

Фудбал

Срцето не е камен: Анчелоти се стегаше, ги стисна усните, а потоа капна солзата (ВИДЕО)

Како и повеќето спортски работници, на Карло Анчелоти тешко му падна смртта на Диего Армандо Марадона.

Анчелоти одлично го познаваше Марадона од времето кога беше член на Рома и Милан, а Аргентинецот играше за Наполи.

За време на минутата молк пред натпреварот Евертон – Лидс Јунајтед, Анчелоти пушти солза во чест на Марадона, иако се обидуваше да се воздржи од тоа.

Додека Анчелоти беше прилично здробен и погоден, од друга страна Марсело Биелса со овации му оддаде последна почит на својот сонародник.

Помеѓу 1991. и 1994. година, Анчелоти и Марадона се сретнаа 11 пати. Италијанецот беше поуспешен со шест триумфи, додека Марадона славеше само еднаш.

Advertisement