Connect with us

Други спортови

Срушени неколку државни рекорди, ова се комплетните резултати на Шестиот меѓународен пливачки митинг Скопје Опен 2023

Викендов (11-ти и 12-ти ноември) во чест на градот Скопје, во базенот Борис Трајковски се оддржа шестиот меѓународен пливачки митинг „СКОПЈЕ ОПЕН‟ на кој учествуваа 460 пливачи и 43 клуба од 10 држави (Македонија, Словенија, Србија, Хрватска, Босна и Херцеговина, Кипар, Велика Британија, Бугарија, Албанија и Косово).

Со титулата најдобри пливачи на натпреварот и пехар во отворена категорија се здобија Урош Живановиќ (светски и европски јуниорски шампион) во машка категорија (воедно и со испливан највреден резултат на натпреварот, 805 FINA бодови на 100м градно) и пливачката Нина Станисављевиќ (европски медалист) во женска категорија од пливачки клуб „Дубочица‟ Србија.

Победници во меморијалната трка „Фарук Омерагиќ‟ во дисциплината 50м делфин беа Давид Вучиќ од пливачки клуб „Олимп‟ Бања Лука и SKAPER Neli од Пливачки клуб „Рибница‟ Словенија.

Во помалите категории победници и носители на групите беа пливачите:

-2013 и помлади: JELIC Kosta („Свети Никола‟ Ниш) и ABAZI Parga („Step‟ Приштина);
-2011-2012: ЦЕКОВ Влатко („Вардар‟ 2018) и DJARMATI Luna („Te Stela‟ Тирана);
-2010-2009: СТОЈАНОВ Павле („Пролетер‟ Србија) и DERMISHI Arla („Te Stela‟ Тирана);
-2008-2005: ЖИВАНОВИЌ Урош („Дубочица‟ Србија) и ЈАНКОВИЌ Сара („Скопје‟ Скопје).
На натпреварот беа испливани следните позначајни резултати:

Македонија

Два нови државни рекорди, во кадетска категорија од страна на пливачот ЃУРЕТАНОВИЌ Никола во дисциплината 200м слободно и во категорија помлади пионери – пливачот ЦЕКОВ Влатко (Вардар 2018) во дисциплината 50м слободно;

Србија

Нов државен рекорд поставен од стана на пливачот JELIC Kosta во дисциплината 400м мешано од пливачкиот клуб „Свети Никола‟ Ниш;

Босна и Херцеговина

Пливачите од пливачки клуб „Olymp‟ Бања Лука со нов државен рекорд од страна на KVOCKA Vanja и TRBOJEVIC Sergej со Б сениорска норма за европско првенство;

Кипар

GIOSEFINA Giovani со рекорд на 50м градно; KIRIAKI Melina Beka рекорд на 200м мешано и IAKOVIDIS Alexis рекорд на 200м грбно, пливачки клуб “Nicosia”;

Албанија

Нов државен рекорд во штафета 4×50м мешано од стана на пливачите ALLARAJ Lajdi, KULHEKU Bredli, MESHI Joan, KATRINAR Alxandru од пливачкиот клуб „Partizani‟ Тирана; како и DERMISHI Arla со нов рекорд на 100м мешано и DJARMATI Luna со два рекорди на 100 и 200м грбно, пливачки клуб “Te Stela”;

Косово

Хана Беиќи со три апсолутни рекорди во дисциплините 50м грбно, 100м мешано и 100м слободно, пливачки клуб “Otrila”.

Резултатите од натпреварот можете да ги погледнете во официјалната светска база на податоци за пливање: https://live.swimrankings.net/39098/