Connect with us

Кошарка

Стадемаер ќе биде асистент на Стив Неш во Бруклин

Њујорк, 24 октомври 2020 (МИА) – Триесет и седумгодишниот поранешен кошаркар Амаре Стадемаер ја заврши својата играчка кариера. Тој ќе ја преземе функцијата помошник-тренер во Бруклин, објави инсајдерот на „The Athletic“, Шамс Харанија.

Шесткратниот учесник на „Ол стар“ последната негова сезона (2020) играше за израелски Макаби. Има настапувано и за НБА тимовите Феникс, Њујорк, Далас, Мајами.

Сега Стадемаер ќе биде дел од стручниот штаб на Стив Неш.

Исто така во стручниот штаб на Неш може да влезе и нивниот ментор од деновите кога беа кошаркари, Мајк Д’Антони. зс/