Connect with us

Кошарка

Станува честа сцена, повторно инцидент и тупаници на НБА меч (ВИДЕО)

За жал, „вечното дерби“ го одбележа ситуацијата меѓу Матијас Лесор и Филип Петрушев. Слично се случи и на натпреварот помеѓу Сакраменто Кингс и Милвоки Бакс во НБА. Разликата е во тоа што тимот на Лесор победи, а во другиот случај конфликтот го иницираа играчите на поразениот тим.


Бакс го реши мечот, на семафорот стоеше 132:124, а на Јанис Адетокумбу му остана само да заврши. Ривалот Треј Лајлс се изнервира, го фаулираше Гркот и потоа го турна одзади


Веднаш, центарот на Бакс, Брук Лопез влета и почна голема гужва и грабнување за грлото. Сите играчи се втурнаа да ги разделат, што не можеше да биде така лесно

Лопез заврши со крвава аркада, но реагираше како вистински соиграч, штитејќи го својот другар.

Facebook