Фудбал
„Старата дама“ е во форма, опасно им се доближи на водечките Милан, Интер и Наполи (ВИДЕО)
Јувентус е во форма, цели 14 меча во Серие А не знае за пораз. Со оглед на неколкуте киксови на водечките, „Старата Дама“ опасно им се приближи на Милан, Интер и Наполи. Јуве попладнево славеше со 1:3 на гостувањето кај Сампдорија, па сега има четири бода помалку од Милан, два од Интер и еден од Наполи.
Во 23-тата минута од мечот Јошида со автогол му носи предност на Јувентус, а десет минути подоцна Мората зголеми на 0:2. Во вториот дел многу возбудувања. Најнапред Кандрева промаши пенал во 74-та минута, а Сабири во 84-та намалува на 1:2 и ја враќа неизвеснота. Сепак, во 88-та Мората со вториот гол става крај на дилемите.
Standings provided by SofaScore LiveScore