Connect with us

Други спортови

Стартува новогодишната турнеја „Четири скокалници“: Штох е на чекор до рекорд, фавориткста улога за Кобајаши

Со утрешниот официјален тренинг и со неделниот натпревар на скокалницата во германскиот зимски центар „Оберсдорф“, почнува 67-та новогодишна турнеја во скијачки скокови „Четири скокалници“.

Најдобрите светски скијачи потоа ќе се преселат во Гармиш-Партенкирхен на вториот натпревар, на 1 јануари, а следуваат два натпревара во Австрија, во Инсбрук на 4 јануари, и во Бишофсхофен, на 6 јануари 2019 година.

Минатите две години до победата дојде Полјакот Камил Штох на сите четири скокалници, подвиг кој до сега му успеа единствено на Германецот Свен Ханавалд во 2002 година. Годинава најголеми шанси за триумф има водечкиот во генералниот пласман Роју Кобајаши. Младиот Јапонец во Светскиот куп славеше на четири од седум натпреварувања, а само еднаш не беше меѓу најдобрите тројца и вкупно има 556 поени. На втората и на третата позиција се двајца Полјаци, Пјотр Жила со 445 и Камил Штох со 365 бода.

До сега само еден Јапонец славеше на „Четири скокалници“, Казијоши Фунаки во 1998 година. Тогаш, Фунаки славеше во Обестдорф, Гармиш – Партенкирхен и Инсбрук, а на последното натпреварување во Бишофсхофен беше осми. Не успеа да избори „Грен слем“, но изборивкупна победа.

Како единствен минус за Кобајаши се смета недоволното искуство. Лани тој беше на 22-то, а пред две години на 44-то место во Светскиот куп. Инаку, како сериозен кандидат за повторување на успесите од минатите две години се смета Штох, кој доколку победи ќе се израмни со Норвежанецот Бјорн Виркола, кој е единствениот што победувал трипати едноподруго, пред 50 години.

Финецот Јане Ахонен е рекордер со пет победи на новогодишната турнеја во скијачки скокови, „Четири скокалници“ (1999, 2003, 2005, 2006 и 2008 година). Четири пати триумфирал Германецот Јенс Вајсфлог (1984, 1985, 1991 и 1996 година), а по трипати Германецот Хелмут Рекагел (1957, 1958 и 1961 година) и Норвежанецот Бјорн Виркола (1967, 1968 и 1969 година). Најмногу поединечни победи, по 10, имаат Вајсфлог и Виркола. Германецот Свен Ханавалд беше првиот скијач-скокач што победил на сите четири скокалници во едно исто издание, во 2002-та, а неговиот подвиг лани го повтори Полјакот Камил Штох.

Распоред на новогодишната турнеја

ГЕРМАНИЈА

Оберсдорф, скокалница „Шатенберг“, 30 декември

Гармиш, Олимписка скокалница, 1 јануари

АВСТРИЈА

Инсбрук, скокалница „Бергисел“, 4 јануари

Бишофсхофен, скокалница „Паул Ауслајтнер“, 6 јануари