Connect with us

Фудбал

Статистиката кажува се, еве зошто Алексис Санчез не требаше да шутира пенал против Сампдорија

Интер доживеа пораз од Сампдорија со 2:1 вчера со што ја прекина победничката низа од осум победи по ред во Серие А. Но, доколку Алексис Санчез погодеше од белата точка во 12-та минута при резултат 0:0, веројатно мечот ќе имаше поинаков тек.

Прецизните статистичари пресметале каков учинок има Чилеанецот од 11 метри, а бројките се разочарувачки, па веројатно на дуелот со Сампдорија требаше некој друг да шутира.

Бројките велат дека од 12 последни пенали кои ги шутирал, промашил дури осум. Само четири пати постигнал гол од пенал, а единствено кога играл за Барселона и Удинезе никогаш не добивал шанса за шутира пенали, се чини дека овие клубови знаеле зошто.