Поврзи се со нас

Фудбал

Стефано Пиоли позитивен на коронавирус

Милан утрово потврди дека коронавирусот создаде нови проблеми за тимот од Сан Сиро.

„Росонерите“ се огласија на официјалната веб-страница и потврдија дека тренерот на овој тим, Стефано Пиоли е позитивен на коронавирус.

Пиоли беше тестиран вчера, и веќе е во изолација и во моментов нема никакви симптоми.

“Милан сака да објави дека Стефано Пиоли е позитивен на коронавирус откако наодите пристигнаа утрово. Тренерот нема никакви симптоми и е во изолација во својата куќа. Другите тестови се негативни”, рекоа од Милан.

Клубот потврди дека денешниот тренинг на Милан е одложен, а подготовките за натпреварот против Наполи ќе продолжат во понеделник.

loading...

Facebook