Connect with us

Фудбал

Стерлинг ги помина лекарските прегледи и го потпиша договорот, официјално претставување денес

Англискиот репрезентативец Рахим Стерлинг сигурно кариерата ќе ја продолжи во дресот на Челзи.

Стерлинг реши да го напушти Манчестер Сити откако му стана јасно дека повеќе нема минутажа во овој клуб како порано, па среќата ќе ја бара во друг клуб.

Веќе неколку недели англиските медиуми пишуваат за тоа дека Стерлинг сигурно кариерата ќе ја продолжи во Челзи, а неговото доаѓање на Стемфорд Бриџ треба да биде официјализирано денеска.

Имено, Стерлинг вчера веќе го мина главниот дел од лекарските прегледи и потпиша договор со плавци до летото 2027 година со опција за продолжување на уште една година.

Стерлинг денеска ќе дојде на Стемфорд Бриџ каде и официјално ќе биде претставен како ново засилување на овој клуб. За неговото доаѓање Челзи плати околу 55 милиони евра, што секако е одлична зделка за Манчестер Сити.

Овој 27-годишен играч за Сити играше седум години и успеа да одигра 339 натпревари и да постигне 131 гол. Пред тоа, Стерлинг играше за младинските тимови на Ливерпул и КПР.

Исто така, Стерлинг за репрезентацијата на Англија одигра 77 натпревари и постигна 19 голови.