Connect with us

Фудбал

Стигна демант од тимот на Мбапе: Нема никаков договор!

Францускиот фудбалски репрезентативец Килијан Мбапе демантираше дека се согласил за трансфер во Реал Мадрид. Како што информираат од неговиот тим кој се грижи за неговата кариера, се уште не е постигнат договор за неговата иднина.

„Нема договор за иднината на Килијан Мбапе и не се зборува за тоа“, изјавија неговите претставници и потоа додадоа: „Ниту еден вид влијание не може да го диктира времето кога Килијан ќе донесе одлука да ја продолжи кариерата“.

Да потсетиме, неговиот договор со Пари Сен Жермен истекува следното лето и тој веќе е слободен да преговара со заинтересираните клубови за продолжување на кариерата. Оваа сезона, на 24 натпревари за Парижаните, тој постигна 25 голови и забележа три асистенции. Тој постигна 46 пати на 75 настапи за француската репрезентација.

Дали ја имаме зимската бомба?! Мбапе се договорил со Реал Мадрид