Connect with us

Фудбал

Стигна и одговорот на Реал за барањето на Ковачиќ за заминување

Хрватскиот репрезентативец Матео Ковачиќ сакаше да го напушти Реал Мадрид, но клубот му одговори.

Ковачиќ верува дека треба да го напушти Реал за да добие поголема минутажа, а во интервју за „Марка“ изјави дека е време да го смени клубот.

Веднаш пристигна одговорот и тоа во „Марка“, кој објави дека Реал веднаш ја отстранил можноста да го продаде Ковачиќ, кој има договор до 2021 година со клаузула од 300 милиони евра.

Иако има освоено три последователни титули во Лигата на шампионите со кралевите, Ковачиќ игра многу малку, но можеби во следната сезона ќе добие вистинска шанса.

Покрај тоа што е резерва во Реал, исто така е резерва во хрватската репрезентација со која ќе игра во осмина – финалето на Светското првенство во Русија.