Connect with us

Кошарка

Стигна Никола Јокиќ и неговиот коњ, Италијанците не можеа да поверуваат (ФОТО)

Никаква егзотика или скапо трошење. Никола Јокиќ одморот го поминува на местото каде што се чувствува најубаво, а тоа е хиподромот. По Сомбор, на ред дојде „Агнано“ во Италија. Јокиќ таму е фотографиран како ги подготвува своите коњи за трките. Слободно може да се каже дека Италијанците се изненадија кога го видоа Никола. Изјавата на Никола Јокиќ по освојувањето на НБА титулата и признанието МВП стана хит. Тогаш го прашаа дали ќе присуствува на победничката парада низ градот, а тој рече дека не знае дали ќе стигне бидејќи мора дома има трка неговиот коњ.