Фудбал
Стигна понуда од Англија, Левандовски од лето ќе игра во Премиер лигата?!
Роберт Левандовски има договор со Баерн до летото 2023 година, но се уште не се договорил за продолжување на соработката. Лева сака повеќегодишен договор, но со оглед на неговата возраст, бидејќи на лето ќе наполни 34 години, Баварците се подготвени да му дадат само едногодишен договор. Ова би можело да го натера полскиот репрезентативец да си замине на лето, односно челниците на Баерн да го продадат за да заработат на него една година пред истекот на неговиот договор.
Новинарот на Билд, Кристијан Фалк уверува дека пристигнала понуда од Манчестер Јунајтед, кој ја следи ситуацијата околу полскиот напаѓач и е подготвен да го откупи неговиот договор по реална и прифатлива цена.
Иако влегува во доцните играчки години, Лева сè уште е машина за голови и веројатно еден од најдобрите стрелци во светот. Тој оваа сезона постигна дури 42 гола во сите натпреварувања и прашање е каде би бил Баерн без него во нападот.
Иако, има и такви кои не се претерано наклонети кон Левандовски или барем ги нервира што Полјакот не се согласува со условите на Баерн, па поранешниот клупски играч Марио Баслер во својата колумна остро му се спротивстави на Левандовски.
“Што друго треба да се направи за да се чувствува важен? Клубот постојано зборува позитивно за Левандовски, јасно кажува дека сака да го продолжи договорот. Тој заработува најмногу во тимот, убедливо најмногу, што друго му треба?, се прашува Баслер.
Тој смета дека Левандовски не е Баерн и дека клубот треба да бара друг напаѓач на лето.
Вкупно за Баерн постигна 336 гола на 364 натпревари, а претходно настапуваше за Борусија Дортмунд и за Лех во Полска.