Connect with us

Фудбал

Стигна првото засилување на богатиот Њукасл, дојде од Атлетико Мадрид

Киран Трипие од утрово е нов фудбалер на Њукасл Јунајтед. Ова е прв трансфер на овој клуб откако нови газди станаа богатите Саудијци.

Трипие потпиша договор за две ипол сезони, а пристигнува од Атлетико Мадрид каде минатата сезона ја освои титулата.

-Многу сум задоволен што доаѓам во овој фантастичен клуб. Уживав во Мадрид, но кога слушнав дека Њукасл ме сака и знаејќи дека веќе сум работел со Еди, знаев дека сакам да бидам тука. Свесен сум дека ни претстои многу работа, но ги знам барањата на Премиер лигата и знам дека овој клуб има талентирани играчи. Едвај чекам да излезам на теренот како играч на Њукасл, изјави Киран Трипие.